Признавање во Германија


Централниот порталот „Anerkennung in Deutschland“ го придружува спроведувањето на законските прописи за признавање на дипломите. Порталот е активен од 1 април 2012, откако стапи во сила Федералниот закон за професионално признавање на дипломата.

Врската: https://www.anerkennung-in-deutschland.de/html/de/index.php

Со завршувањето на стручна обука или студии надвор од Германија потребно e да се започнете процес за признавање на квалификациите. Признавањето на квалификациите зависи од професија и од земја на потекло на кандидатот.

Постојат регулирани и нерегулирани професии.

За регулираните професии потребно е официјално признавање на дипломата.

Независно од земјата на потекло, за регулираните професии секогаш е потребна диплома за завршено образование. Дали професијата е регулирана или не, може да се провери на:

Врската: https://www.anerkennung-in-deutschland.de/de/interest/finder/profession

Повеќето професии во Германија се нерегулирани. За да ви биде дозволено да работите во Германија на пример, како деловен економист, компјутерски научник или пекар, не треба да имате призната странска диплома.

При нерегулираните професии апликантите можат да аплицираат директно на германскиот пазар на труд и при тоа работодавачот ја проценува странската квалификација. За подобра проценка на странските дипломи или професионални квалификации, одговорните тела можат се обратат на Централната канцеларија за странско образование (Zentrale für ausländisches Bildungswesen - ZAB).

Исто така информации за признавање на академски квалификации може да добиете на страната на Анабин обезбедена од страна на Централната канцеларија за странско образование (Zentrale für ausländisches Bildungswesen - ZAB):

Врската​​​​​​​: https://anabin.kmk.org/anabin.html 
 

Советување за признавање квалификација

Во оваа рубрика ќе најдете линкови преку кои може да дознаете повеќе за признавањето на Вашата диплома во Германија:

Врските:
https://www.goethe.de/prj/mwd/de/hil/infohaus.html
https://www.anerkennung-in-deutschland.de/html/de/hotline.php
https://www.make-it-in-germany.com/en/about-the-portal/contact/hotline
https://www.arbeitsagentur.de/ueber-uns/ansprechpartner