Здравствениот систем


Здравствениот систем е поделен на таканаречени два подсистеми кои се составени од задолжително здравствено осигурување и приватно здравствено осигурувањe. Со воведувањето на задолжителното осигурување секое лице во Германија има обврска за склучување на здравствено осигурување.  Задолжителното здравствено осигурување е достапно за секого, додека за приватното постојат одредени услови.

Висината на придонесите за законското здравствено осигурување зависат од висината на приходот. Како основа се зема вкупниот бруто приход. Од бруто приходот се наплаќа одреден процент кој е еднакво поделен помеѓу осигуреникот и работодавецот. Децата и брачниот партнер исто  така се дел од задолжителното здравствено осигурување и може да бидат осигурани во рамки на семејното осигурување.

Од друга страна пак приватните здравствени осигурувања бараат минимален приход и постојан престој во Германија, а висината на премиите се одредува во зависност од приходите, возраста, здрвствената состојба и услугите кои ќе бидат вклучени.
Сепак доколку се случи некој да нема здравствено осигурување, тогаш таа личност во случај на итност добива неопходен здравствен третман.

https://www.goethe.de/prj/mwd/mk/idl/leb/gesundheit.html
https://www.make-it-in-germany.com/en/living-in-germany/money-insurance/health-insurance
https://www.krankenkassenzentrale.de/wiki/incoming-mk
https://www.bamf.de/SharedDocs/Anlagen/EN/Integration/WillkommenDeutschland/willkommen-in-deutschland.html?nn=282388