Училиштен систем во Германија
Во претшколскиот период децата имаат можност да посетуваат „киндергартен“ (Kindergarten) или „кита“ (Kita).
Во „киндергартен“ децата се на возраст помеѓу 3 и 7 години, тие се згрижени и се подготвуваат за училиште.
Повеќето од децата се во градинка наутро, но некои остануваат до попладневните часови и можат да ручаат таму.
„Кита“, пак, е дневен центар кој нуди целодневна нега. Децата се на возраст од две и пол и седум години. Можност за престој имаат од рано наутро до доцна попладне.
Во Германија скоро секоја сојузна држава има малку поразличен училиштен систем.
Сите деца започнуваат основно училиште на возраст од околу шест години. Таканареченото основно училиште вообичаено трае четири години. Од резултатите што ќе ги покажат децата во основното училиште зависи и нивното понатамошно школување. Тоа значи дека децата добиваат можност да продолжат да се школуваат или во „хауптшуле“ (Hauptschule), или во „реалшуле“ (Realschule) или пак во гимназија (Gymasium). Алтернатива е и сеопфатното училиште „гезамтшуле“ (Gesamtschule), каде што учениците не се делат по основното образование врз основа на постигнатите резултати во училиштето.
Некои ученици го напуштаат училиштето по 9-то одделение и имаат можност да бараат опции за изучување на некој занает. Некои, пак, продолжуваат на училиште уште една година, а потоа добиваат подобра диплома, како на пример, од реалното училиште. По десет години училиште се отвораат различни можности како учење занает во компании. Има и опција учениците да одберат да одат во високо стручно училиште и да полагаат стручна матура или, пак, да одат во сеопфатно училиште или гимназија. По завршувањето на 12-то или 13-то одделение, оние што завршиле гимназија полагаат матура - „абитур“. Со положена матура може да аплицираат за место на универзитет или на технички колеџ.
Школувањето во Германија е задолжително. Сите родители треба да ги испратат своите деца на училиште. Децата мора да ги посетуваат овие општи училишта најмалку девет години. Од децата и младите, сепак, во принцип се бара да посетуваат училиште до 18-годишна возраст.
Врските:
https://www.goethe.de/prj/mwd/mk/idl/sas/schulsystem.html
https://www.deutschland.de/de/topic/wissen/das-schulsystem-in-deutschland-im-ueberblick