осигурување

Во задолжителни осигурувања спаѓаат здравственото, пензиското и осигурувањето во случај на невработеност. 
 

Здравствено осигурување
Секој граѓанин на Германија мора да има законско или приватно здравствено осигурување.
Задолжителното здравствено осигурување ги покрива следниве услуги:
  • амбулантски медицински третман
  • стоматолошка грижа
  • лекови, здравствени лекови или медицински помагала
  • медицински третман во болница
  • медицински неопходни мерки за рехабилитација
  • следење на бременоста и породувањето
За вработени: Пензиско осигурување
Германското законско пензиско осигурување е еден од најважните и најсилните столбови за осигурување. За вработените, придонесот за пензиско осигурување автоматски се одбива од платата секој месец.

Осигурување во случај на невработеност
Ако дојде до губење на работното место, осигурувањето во случај на невработеност се исплаќа во период од една година.

Некои други поважни осигурувања се осигурување од лична одговорност, приватно стоматолошко осигурување, осигурување од незгода.

Осигурување од лична одговорност
Приватната одговорност е едно од поважните осигурувања. Можете да се заштитите од големи трошоци во случај да оштетите или уништите предмети на друго лице.

Стоматолошки осигурување
Законското здравствено осигурување плаќа минимално за стоматолошки услуги и пред се при итни интервенции, затоа често пати има потреба од дополнителното приватно стоматолошко осигурување. 

Осигурување од незгода
Доколку сте вработен законски сте осигурани од незгода од страна на работодавачот, но во случај незгодата да се случи надвор од работнотно место добро е да се има и приватно осигурување од незгода.  

https://www.goethe.de/prj/mwd/mk/idl/leb/gesundheit.html
https://www.make-it-in-germany.com/de/leben-in-deutschland/geld-versicherung/weitere/