Натпревар за ученици од 9–13 години
Мојот прв германски збор
Задача:
Учениците треба да нацртаат слика која визуелно го претставува нивниот прв германски збор. Зборот треба да биде вклучен во цртежот. Учениците треба да ја објават својата слика на социјалните мрежи (Instagram, Facebook) и да го означат Гете-институтот Скопје во нивниот пост.
* Родителите чии деца немаат пристап до социјалните мрежи, можат да ја објават сликата во нивно име.
Критериуми:
Креативноста на сликата и јасноста на германскиот збор.
Награди:
8 делумни стипендии (75%) за
онлајн детски курс на ниво A1.1 или A2.1 на Гете-институтот Скопје.
Курсeвите започнуваат на 5 ноември и траат до 26 декември 2024 година. Часовите се одржуваат во вторник, четврток и петок попладне.
Крај на натпреварот:
Натпреварот завршува на 29.10.2024 година.
Жири:
Тричлено жири ќе ги избере најдобрите дела. Жирито ќе ја оценува креативноста на цртежот и јасноста на прикажаниот германски збор.
Објавување на победниците:
Победниците ќе бидат контактирани преку директна порака (DM) на социјалните мрежи, а имињата на победниците ќе бидат соопштени на нивните училишта најдоцна до 01.11.2024 година.