За користење на персонализираните области на веб-страницата по соодветна регистрација во односот помеѓу „корисникот“ и Goethe-Institut како оператор на веб-страницата важат следниве услови за користење.
Предмет на договорот е бесплатното користење на веб-страницата како информативна платформа и платформа за комуникација („Услуга“). Курсевите за учење на далечина, коишто се наплаќаат, се исклучиво предмет на Општите услови за работа.
Предуслов за користење на персонализираните услуги е претходна регистрација. При регистрацијата корисникот мора да наведе веродостојни податоци и се упатува на Изјавата за заштита на податоци. NПо регистрирањето корисникот ќе добие и-мејл со линк за потврда. Договорот за користење на бесплатната веб-страница стапува на сила кога корисничката сметка ќе биде активирана од страна на Goethe-Institut.
Корисникот не смее да дозволи трети страни да го користат неговиот пристап и како сопственик на сметката е одговорен да ја заштити од злоупотреба. Затоа тој е должен да ги чува во тајност своите податоци за пристап и да ги заштити од пристап на трети лица. Употребата на имиња на заштитени трговски марки или имиња на други физички или правни лица како кориснички имиња не е дозволена.
Во рамките на овие услови за користење, Goethe-Institut му дозволува на корисникот да чита и објавува статии на веб-страницата и да комуницира со други корисници. За таа цел, Goethe-Institut на корисникот му обезбедува бесплатно платформа со различни функции на заедницата во рамките на неговите технички и економски можности.
Целта на функциите на заедницата е да се овозможи размена на теми и на образовните и културните понуди на Goethe-Institut. Goethe-Institut управува со платформата во рамките на задачите за коишто е задолжен. Платформата не е наменета за општа размена на мислења, за самоприкажување на корисникот или за забавни цели.
Во случај на трајно обезбедување, може да направиме промени на дигиталниот производ што го надминуваат она што е неопходно за да се одржи усогласеноста со договорот ако
Валидна причина во оваа смисла опфаќа случаи кога промената е неопходна за да се прилагоди дигиталниот производ на ново техничко опкружување или на зголемен број корисници или кога е неопходна поради други важни оперативни причини.
Доколку промената значително влијае на способноста на корисникот да пристапи до функциите на заедницата или нивната употребливост, Goethe-Institut ќе го информира корисникот преку и-мејл за промената и за неговите права во разумен временски период пред промената да стапи на сила.
Во рамките на неговата регистрација, корисникот се обврзува секогаш да дава вистинити, ажурирани и целосни информации за себе како што е наведено во формуларот за регистрација и не смее никогаш да ги измами Goethe-Institut или другите корисници во однос на неговиот идентитет.
Со објавување на содржини на веб-страницата, корисникот уверува дека е сопственик на сите права потребни за тоа. Корисникот се обврзува да не објавува никакви статии на веб-страницата или да ги испраќа до други корисници кои ја нарушуваат општата пристојност или важечкиот закон. Особено, корисникот се обврзува да не објавува никакви статии/прилози или да ги испраќа до други корисници,
Покрај тоа корисниците во секое време треба да ги почитуваат општите правила на пристојност ("Нетика") и да се однесуваат едни со други со почит и не смеат да ја користат услугата за да го загрозуваат, вознемируваат, или на друг начин да го наштетат, измамат или оштетат угледот или работата на кој било друг корисник или трета страна.
Дополнително, забрането е и објавување на прилози кои не се поврзани со темите на кои соодветната област на заедницата е експлицитно посветена или кои на друг начин веројатно ќе ја нарушат темата и размената на тези поврзана со темата (Дел 3). Ова го вклучува особено масовното објавување на прилози, кои се содржински празни или исти по содржина („спаминг“).
Доколку корисникот е сведок на прекршување на овие услови за користење од страна на друг корисник, тој е должен да ги информира администраторите преку и-мејл на kdf@goethe.de.
Во случај на прекршок или оправдано сомневање за прекршување на правилата наведени во Дел 4 (со исклучок на должноста за пријавување на прекршоци од страна на други корисници) Goethe-Institut може според своја проценка на корисниците да им ги изрече следниве санкции:
Доколку објавениот прилог го прекршува Дел 4, Goethe-Institut може да го блокира прилогот без претходна најава. Goethe-Institut го информира корисникот, така што тој ќе може да зеземе став. Ако се покаже, дека прилогот не го прекршува Дел 4, Goethe-Institut ќе ја укине блокадата.
Goethe-Institut ќе го блокира пристапот на корисникот без претходно предупредување во случај на намерни, систематски или слични сериозни прекршувања. Впрочем, трајно блокирање ќе се изврши само тогаш, кога и после изречено предупредување корисникот повторно ќе ги прекрши правилата на однесување.
Покрај тоа, блокирањето на пристапот првично е само привремено и Goethe-Institut исто така му дава можност на корисникот да го искаже својот став во разумен временски период. Само врз основа на изјавата или по истекот на рокот Goethe-Institut може да одлучи трајно да го блокира пристапот.
Корисникот го ослободува Goethe-Institut од сите побарувања од трети лица, коишто поради вина од повредување на претходно споменатите должности во Дел 4 (со исклучок на должноста за пријавување прекршоци од страна на други корисници) стапиле во важност од страна на корисникот. Корисникот се обврзува да го поддржи Goethe-Institut со добра волја со информации и документи во одбраната од таквите тврдења. Корисникот е должен да ги сноси и трошоците за потребната правна одбрана на Goethe-Institut. Понатамошните права и барања за отштета на Goethe-Institut остануваат непроменети.
Авторските права за објавените статии/прилози, доколку тие можат да бидат заштитени со авторски права, остануваат кај соодветниот корисник. Меѓутоа, со објавување на својот прилог на goethe.de, корисникот му дава на Goethe-Institut неексклузивно и неограничено право да објавува прилози во светски рамки
Корисникот нема право на бришење или корекција на прилозите изработени од него. Одредбите од Општата регулатива за заштита на податоците (Регулатива ЕУ 2016/679), Законот за авторски права и секоја законска обврска на корисникот за бришење остануваат непроменети.
Доколку некој дигитален производ има недостатоци, постојат барања за гаранција. Побарувањата поради недостатоци во услугата во согласност со Дел 1 застаруваат во рок од две години од обезбедувањето, но не порано од една година по истекот на периодот на договорот.
Барањата за отштета од страна на корисникот против Goethe-Institut, неговите органи, вработени и полномошници се исклучени, освен ако подолу не е поинаку наведено. Исклучени се барањата за отштета поради гаранција дадена од Goethe-Institut, поради повреда на животот, телото или здравјето, поради Законот за одговорност за производите и барањата за отштета поради прекршување на суштинските договорни обврски. Суштински договорни обврски се оние чие исполнување е неопходно за да се постигне целта на договорот. Исто така, исклучена од исклучувањето на одговорност е одговорноста за штети што се засноваат на намерно или грубо, небрежно прекршување на должноста од страна на давателот, неговите законски застапници или заменици.
Овој договор е склучен на неопределен период и може да биде раскинат од која било страна во текстуална форма (на пр. преку и-мејл) без претходна најава.
По истекот на овој договор, Goethe-Institut има право, но не е и обврзан, да ја избрише содржината создадена од корисникот и споделена со други корисници. Сепак, корисникот може во секое време да побара бришење на корисничката сметка и податоците од нејавен карактер зачувани во неа.
Доколку постои важна причина, особено поради сериозно или повеќекратно прекршување на обврските од Дел 4, можеби по неуспешно предупредување, Goethe-Institut има право веднаш да го блокира пристапот на корисникот и да го раскине договорот без најава. Во овој случај, засегнатиот корисник може повторно да се регистрира само со претходна писмена согласност од Goethe-Institut.
Goethe-Institut го задржува правото да ги промени овие услови за користење без наведување на причините. Goethe-Institut навремено ќе го информира корисникот за промените за време на посетата по промената и ќе побара од корисникот да се согласи со променетите услови за користење. Доколку корисникот не даде приговор во разумен рок од најмалку 14 дена, се смета дека условите за користење се прифатени. При информирањето за промени во условите за користење, Goethe-Institut конкретно ќе посочи дека се смета дека е дадена согласност доколку корисникот не даде приговор во наведениот рок. Доколку корисникот поднесе приговор, Goethe-Institut може да го раскине договорот во согласност со Дел 8.
Архива
Законот на Сојузна Република Германија се применува на договорните односи помеѓу Goethe-Institut и корисникот. Овој избор на закон се однесува на потрошувачите само доколку потрошувачот не е лишен од заштитата што му е дадена со задолжителните прописи за заштита на потрошувачите на државата во која има вообичаено престојувалиште.
Европската комисија обезбедува платформа за онлајн решавање спорови (ОS), која можете да ја најдете овде: http://ec.europa.eu/consumers/odr/. Потрошувачите имаат можност да ја користат оваа платформа за да ги решат своите спорови. Ние сме подготвени да учествуваме во вонсудска арбитражна постапка пред арбитражен одбор за потрошувачи. Надлежен е Сојузниот универзален арбитражен одбор во Центарот за арбитража e.V., Straßburger Straße 8, 77694 Kehl am Rhein (Zentrum für Schlichtung e.V., Straßburger Straße 8, 77694 Kehl am Rhein), https://www.verbraucher-schlichter.de/.
Потрошувачите имаат законско право на отповикување на договорот.
Право на отповикување на договорот
Имате право да се повлечете од овој договор во рок од четиринаесет дена без да наведете каква било причина.
Рокот на отповикување е четиринаесет дена од денот на склучувањето на договорот.
За да го искористите Вашето право на отповикување, мора да ни испратите (Goethe-Institut e. V., Oskar-von-Miller-Ring 18, 80333 Минхен, телефон: +49 89 15921-0, info@goethe.de) јасна изјава (на пр. писмо испратено по пошта или и-мејл) за Вашата одлука да се повлечете од овој договор. За ова можете да го користите приложениот формулар за отповикување, но тоа не е задолжително.
За да го исполните рокот за отповикување на договорот, доволно е да го испратите известувањето во врска со вашето остварување на правото на отповикување пред да истече периодот на отповикување.
Последици од отповикувањето на договорот
Доколку го отповикате овој договор, ние ќе ви ги платиме сите побарувања што сме ги примиле од вас, вклучувајќи ги и трошоците за испорака (со исклучок на дополнителните трошоци што произлегуваат Вашиот избор на различен тип на испорака од најевтината стандардна понудена испорака од наша страна), веднаш, а најдоцна во рок од четиринаесет дена од денот кога ќе добиеме известување за отповикувањето на овој договор. За оваа отплата, ние ги користиме истите начини на плаќање што ги користевте во првичната трансакција, освен ако нешто друго не е изрично договорено со вас; во никој случај нема да ви се наплаќаат надоместоци за оваа отплата.
Ако сте побарале услугите да започнат за време на периодот на отповикување на договорот, мора да ни платите разумна сума што одговара на процентот на веќе дадените услуги до моментот во кој сте не известиле за користењето на правото на отповикување во однос на овој договор споредено со вкупниот обем на услугите предвидени во договорот.
(Можете да го користите формуларот подолу или сами да го формулирате отповикувањето.)