Завршен образовен степен и свидетелство
Со завршени студии или стручна обука во Германија обично се добива подобра работа. Стручната обука треба да биде завршена, значи да бидете готови. И потребно Ви е свидетелство. Имате свидетелства од Вашата татковина? Тогаш однесете ги да се преведат и заверат.
Тек на стручната обука
За стручна обука Ви треба најмалку завршен образовен степен од средно главно училиште „Hauptschulabschluss“. Без завршен образовен степен многу e тешко да добиете место за обука. Во Германија, за најголемиот број на стручни занимања има дуален систем. Занимањето се учи директно во фирма и се оди во стручното училиште. Тука се учат теоретските основи за занимањето. Исто така има и неколку општи наставни предмети како што се германски, политика или спорт.
Во фирмата се врши практичниот дел од стручната обука. Се работи 3 до 4 дена неделно во фирмата и 8 до 12 часа неделно се посетува стручното училиште. Или неколку недели сте во фирмата и неколку недели во стручното училиште. Стручната обука може да се прави во многу фирми и речиси во сите области. Местото за обука се бара исто како и работно место. Мора да напишете и апликација (видете „Барање работа“). За време на стручната обука во фирмата се добиваат пари.
Времетраење на стручната обука
Стручната обука обично трае 2 или 3 години. Но, има и пократко време за некои занимања, како на пример, продажба, нега на стари лица или козметика. Информирајте се во Агенцијата за вработување во Вашиот град.
Студии
Со матурата може да се студира на универзитет. Со стручната матура може да се оди на универзитет за применети науки (Fachhochschule, скр. FH). Студиите на универзитет за применети науки обично се повеќе практично ориентирани во споредба со универзитетот. На германските високи образовни установи (универзитет и FH) како студент мора одлично да зборувате германски. Ако германскиот не Ви е мајчин јазик, тогаш ќе Ви треба доказ за познавање на германскиот јазик. Најчесто потребна е потврда за испит за германски јазик за прием на универзитет (Deutsche Sprachprüfung für den Hochschulzugang" (DSH)) или TestDaF.
За студирањето мора да се плати семестарска партиципација. Таа се состои од социјална партиципација и партиципација за административните трошоци. Понекогаш тука спаѓа и семестарскиот билет. За степенот „Bachelor“ потребни се 6 до 8 семестри. По дополнителни 2 до 4 семестри може да се заврши „Master“.
Во секој град има Професионален информативен центар(скр. BIZ). Преку Агенцијата за вработување во Вашиот град ќе го најдете BIZ. Тука вработените пружаат советување за темите: стручна обука, студирање и доусовршување.
Video International Sign
Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.
Формулар за контакт