Барање работа
Не сте од Европската Унија (ЕУ) или од Европската Економска Зона? Тогаш во Германија Ви треба работна дозвола/ работно одобрение. Дали и колку смеете да работите во Германија пишува во Вашиот наслов за престој.
Свидетелства и признавање
Во Вашата татковина сте имале професионално образование со завршен степен, универзитетски степен или училишен степен? Мора да ги дадете овие свидетелства/документи да се преведат и заверат. Заверување значи: некоја официјална инстанца проверува дали Вашите документи се вистински. Најдобро е тоа да го направи некоја државна служба во Вашата татковина. Понекогаш Вашиот завршен степен не важи во Германија. Тоа може да го проверите уште во Вашата татковина (Признавање на странски дипломи). Повеќе информации ќе добиете на интернет страната
.Слободни работни места
Имате работна дозвола? Тогаш може да барате работа. Има многу можности: огласи за работа може да најдете на интернет, во весниците или преку агенцијата за вработување/центарот за вработување. Во весникот најчесто ќе најдете работни места од регионот. Меѓутоа огласите се актуелни. На интернет има многу повеќе огласи за работа, но тие не се секогаш актуелни. Во центарот за вработување ќе добиете советување и тие ќе ги побараат соодветните работни места за Вас. Но, може да прашате и директно во фирмата. Понекогаш имаат слободни работни места, но не се на интернет или во весникот. На интернет страната на фирмата понекогаш се наоѓаат слободните работни места.
Уште го има Професионалниот информативен центар (Berufsinformationszentrum скр. BIZ) на Агенцијата за вработување: таму ќе најдете огласи за работа и многу информации на темата професии и работа. Таму и во Центарот за вработување може да го ставите Вашиот профил на интернет. Професионалниот информативен центар нуди и професионално советување, кога не знаете што можете да правите или што сакате да правите.
Исто од корист може да биде и праксата во фирмата: ќе се запознаете повеќе со работата и ќе добиете контакти.
Аплицирање
Аплицирањето е првиот чекор на работниот пазар. Многу важни се документите за апликацијата. Ви треба покривно писмо (писмо до фирмата), добра фотографија за аплицирање, биографија и Вашите свидетелства (на германски јазик). Професионалниот информативен центар нуди работилници за: „Аплицирање во Германија“. На нив се учи како изгледа апликацијата и како да се подготвите за интервјуто за работа.
Во многу градови има советување за мигранти. Тука ќе Ви помогнат и при барањето на работа и со апликацијата(видете Сојузна служба за миграции и бегалци). За младите до 27 години има специјално советување кај службите за миграција на младите.
Линкови за темата
Video International Sign
Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.
Формулар за контакт