Ansicht auf eine sommerliche Party auf einer Wiese mit vielen Menschen, Essensständen und Dekoration © Goethe-Institut

Што може да правите во слободното време? Во градот има многу можности:

Култура

Ја сакате културата? Во најголемиот број градови има, на пример, музеи, кина, театри и концерти. Сè повеќе кина прикажуваат интернационални филмови во оригинал со титлуван превод (OmU). Во библиотеките или градските библиотеки може бесплатно или за малку пари да читате книги, да слушате музика и да гледате филмови. Книгите, филмовите и ЦД-та може и да ги изнајмите: да ги земете дома и подоцна да ги вратите назад.

Ansicht auf die Vorderseite der Münchner Staatsoper © Goethe-Institut

Народни универзитети, здруженија и клубови

На многу места има народни универзитети. Таму ќе најдете пред сè курсеви за возрасни, на пример, курсеви за танцување или јазични курсеви. На следниот линк може да го побарате најблискиот народен универзитет во Вашето место: 



Сакате да спортувате? И за тоа има курсеви на народните универзитети. Но, може и да одите на базен или во спортско здружение. 

Друга можност се здруженијата и клубовите. Во здружението се наоѓаат луѓе со исти интереси и цели. На пример, има музички здруженија, спортски здруженија, готвачки здруженија или компјутерски клубови. Има здруженија за возрасни и за млади.

За родителите и децата често има бесплатни програми. За малите деца, на пример, на некои места има групи за играње на најраната возраст.

Ansicht auf einen Barausschank,links steht ein lachender Barkeeper. Viele Aufkleber und die Farbgestaltung weisen auf den FC Bayern hin. © Goethe-Institut

Паркови и природа

Сакате да сте надвор во природа? Во секој град има паркови. За децата има многу игралишта. Најчесто посетата на истите е бесплатна. Во ботаничките градини може да видите специјални растенија. Животните од целиот свет може да ги видите во зоолошката градина. Ботаничките градини и зоолошките градини обично наплаќаат влезница. Освен тоа, во многу региони има езера, шуми или планини, можеби и живеете во близина на морето. Таму може да се прават многу работи во природата.

Дома

Луѓето дома најмногу сакаат да гледаат телевизија или да слушаат радио. Секое домаќинство во Германија мора да го пријави радиото, телевизорот или компјутерот и за тоа да плати месечна такса. Во моментот тоа се 17,98 евра месечно. Луѓето кои имаат сосема малку пари не мора да платат ништо. 

Можеби во Вашата куќа има двор или балкон. Таму не смее да се прави секогаш сè. На пример, не е дозволено во сите куќи или згради да се прави скара на балконот. Сите информации за тоа ќе ги најдете во куќниот ред. 

Информации за можностите за користење на слободното време може да најдете и на интернет страната на Вашиот град/местото во кое живеете.

Ansicht auf einen See mit Bergpanorama im Hintergrund. Aus der Vogelperspektive sieht man im Vordergrund Wanderer. © Goethe-Institut

Video International Sign

Често поставувани прашања

Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.

Формулар за контакт