In einem Zimmer steht ein rotes Kinderfahrrad, Kinder-Gummistiefel und Schuhe eines Erwachsenen. © Goethe-Institut

Бременост

Животот со децата почнува уште за време на бременоста. Ако имате прашања во врска со бременоста, може да одите во советувалиште за трудници. 

За време на бременоста треба редовно да одите кај гинеколог. Тој ќе ги одговори Вашите прашања и ќе го контролира здравјето на Вашето дете. Слични задачи има и акушерката. Таа ќе Ве советува и ќе Ви помага за време на бременоста и исто така по раѓањето на Вашето дете. Акушерката е исто така присутна и за време на породувањето. Вашиот лекар може да Ви помогне да најдете гинеколог и/или акушерка. Многу жени одат и на подготвителен породилен курс. Таму ќе добиете многу совети за породуваето. Исто така ќе направите и контакти со други бремени жени.

Auf einem Tisch liegt ein Ultraschallbild eines Ungeborenen. © Goethe-Institut

Трудничко и породилно отсуство, родителски допуст и родителски додаток

Ако имате постојано рбаотно место, може да одите на трудничко и породилно отсуство уште пред породувањето, тоа значи дека не мора да работите. Во најголемиот број на професии тоа се 6 недели пред породувањето. Трудничкото и породилно отсуство вкупно трае најмалку 14 недели. Овој рок може да се продолжи. Во тој период Вашиот работодавец не смее да Ви даде отказ. По трудничкото и породилно отсуство може да земете родителски допуст: може да останете дома додека Вашето дете не наполни 3 години. По три години може да се вратите на Вашето работно место. 

Во првите 12 месеци од  родителскиот допуст се добива родителски додаток. Ако и Вашито партнер земе родителски допуст, тогаш тоа се 14 месеци. Висината на родителскиот додаток зависи од Вашата нето плата. За родителскиот додаток мора да се поднесе барање. Исто така се добива и ако немате работно место. Дополнително на родителскиот додаток може да поднесете барање за детски додаток. Детскиот додаток ќе го добиете најмалку до осумнаесеттиот роденден на детето.

Превентивна здравствена заштита

Вашето дете мора да оди редовно на детски лекар. Секој преглед лекарот ќе го внесе во една специјална книшка. Тоа се превентивни здравствени прегледи. И ако Вашето дете не е болно, мора да одите на овие прегледи. Детскиот лекар ги става и вакцините за Вашето дете.

Чување на деца

Ак осакате порано да почнете пак да работите, тогаш Ви треба некој да го чува детето. Тука има многу можности. Децата под 3 години може да одат во детски јасли или да одат кај жена за чување деца или маж за чување деца. Децата од 3 години може да одат во детска градинка или во целодневна градинка (видете: „Унапредување во раното детство“). Децата од 6 или 7 години мора да одат на училиште. Одењето на училиште е задолжително (видете: „Училиште и орбазование“). Ако работите, Вашето дете може да оди во целодневно училиште или по училиштето во дневен престој. Таму Вашето дете може да остане до 16.00 часот или 17.00 часот. Најчесто Вашето дете може таму и да руча.

Ein Kind sitzt mit Badeanzug und Schwimmflügeln zusammen mit dem Vater an einem See. © Goethe-Institut

Организирање на слободното време

Во слободното време може да правите многу работи со Вашето дете: За малите деца има игралишта на отворено. Поголемите деца може да одат, на пример, во спортско здружение. Во лето насекаде има отворени базени, во зима затворени базени за пливање. За време на распустот градовите имаат специјални детски програми кои не чинат многу пари. Информации ќе добиете во службата за детска заштита и во градското собрание во Вашиот град. Исто така и многу здруженија нудат програми за слободното време специјално за децата (видете исто и „Слободно време“). 

Многу германски деца го слават роденденот дома со забава. За тоа ги канат другите деца. Ако вашето дете добие покана и оди на роденден, многу брзо ќе најде другарчиња. Понекогаш децата канат други деца да спијат кај нив на гости. Тоа исто така може да му помогне на Вашето дете да најде другарчиња.

Video International Sign

Често поставувани прашања

Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.

Формулар за контакт