Преглед
Европската унија (ЕУ) е федерација која во моментов брои 27 земји-членки (од јануари 2020 година). Постојат 24 службени јазици на кои се достапни сите документи и информации на ЕУ. Политичкиот систем на ЕУ се базира на два договори ("Договорот за Европската унија" и "Договорот за начин на работа на Европската унија"). Пред сé, ЕУ е раководена од пет институции: Европскиот совет, Советот на Европската унија, Европскиот парламент, Европската комисија и Судот на правдата на ЕУ.
Историја
Übersetzung in allen SprachenГерманија е една од шесте држави што ја основаа денешната ЕУ по Втората светска војна, во 1950-тите. Во почетокот, главно беше економско спојување кое ја олеснуваше трговијата. Од 2002 година, според тоа, постои еврото како заедничка валута во 19 земји на ЕУ. Денес, заедничката политика е во преден план: почнувајќи од климатските промени, кон заштитата на животната средина и здравјето, до надворешните односи и безбедноста, правдата и миграцијата.
Цели и вредности
Целите на ЕУ вклучуваат унапредување на мирот и благосостојбата на нејзините граѓани, како и слобода, безбедност и владеење на правото без внатрешни граници. Инклузијата, толеранцијата, владеењето на правото, солидарноста и недискриминацијата се вредности кои ги обединуваат земјите-членки на ЕУ. Од своето основање, во земјите-членки на ЕУ немало повеќе војна.
Еднаквоста е друга вредност на ЕУ. Се работи за тоа дека е дека сите граѓани ги имаат истите права пред законот. Еднаквоста меѓу жените и мажите е дел од сите политики на ЕУ и е основа за европска интеграција. Се однесува на сите области. Принципот на еднаква плата за еднаква работа беше договорен уште во 1957 година, но сé уште не е целосно имплементиран.
Биро за еднаков третман на работниците од ЕУ
Целта на Бирото за еднаков третман е да ги поддржи работниците во ЕУ за правата што ги уживаат во рамките на слободата на движењето на работниците во Германија. Тоа, меѓу другото, обезбедува независна правна и /или друга помош преку совети и препораки за упатување, како и информации за правото на слободно движење на работници. Информациите се достапни на германски, англиски, полски, шпански, француски, романски и бугарски јазик.
Video International Sign
Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.
Формулар за контакт