Кој сака да се јави во Германија со СИМ картичката од дома, честопати има проблеми. Бидејќи многу картички не работат во Германија и повици со странски SIM картички е многу скапо.
Постојат неколку начини да се направат мобилни повици во Германија. Еве листа на информации за различни провајдери:
Договор за мобилен телефон
Една можност е, на пример, договорот за мобилен телефон. Но за тоа Ви треба германска банкарска сметка и лична карта. Провајдерите проверуваат дали клиентот навистина може да плати. Внимание: Не потпишувајте договор што не го разбирате, туку побарајте помош за преводот. Договорот за мобилен телефон обично има рок од една до две години. Откажувањето на договорот однапред често не е можно. Сметката обично се плаќа на крајот на месецот, се додека договорот е валиден. Внимание! Сакате да го промените вашиот договор по неговиот истек ? Тогаш море да го прекинете тековниот договор на време. Обично треба да го направите тоа три месеци пред истекот на договорот. Во спротивно може да биде дека договорот автоматски се обновува уште една или две години.
Припејд – SIM - картичка
Друга опција е припејдната SIM картичка. Картичките често може да се купат во супермаркет, на бензински пумпи или киосци за малку пари. За ова треба да склучите договор. Кога активирате треба да го докажете името, адресата и датумот на раѓање. За да го направите ова, мора да го покажете вашиот пасош, лична карта или друга официјална фотографија во продавницата. Понекогаш ви е потребна дозвола за престој.
Ја купивте при-пејд-картичката директно од мобилниот оператор во продавницата? Тогаш можете да ја активирате картичката директно во продавницата. Исто така добивате помош. На пример, дали сте ја купиле припејд SIM картичката во супермаркет? Тогаш можете да го докажете вашиот идентитет преку видео-идентификационен метод преку вашиот паметен телефон, вашиот таблет или веб камера на компјутерот.Откако ќе се активира припејд SIM картичка, мора да ја дополните картичката со кредит. Кредитот се користи кога правите повици, пишувате текстуални пораки и сурфате на Интернет. За да ја наполните картичката, можете да купите картички со кредит . Овие картички се достапни во исти продавници со продажба на SIM картички, на пример во супермаркети, бензински пумпи или киосци. На картичките со кредит има еден долг број . Мора да го внесете бројот во мобилниот телефон за да го наполните мобилниот телефон со кредит кој што ќе можете да го користите.
Мобилна дата
Со паметен телефон, исто така можете да сурфате на интернет, ако имате припејд SIM картичка. Но кредитот може да се потроши брзо. Затоа, поевтино е ако купите одредени тарифи. Потоа, на пример, можете да користите одреден број денови на мобилен интернет за одреден износ или можете да купите одредена количина на податоци.
WLAN
Ако сакате бесплатно да пребарувате по Интернет, можете да користите Wi-Fi мрежи. Во кафулиња, библиотеки или други јавни згради, често има бесплатен Wi-Fi. Сакате да пребарувате за бесплатни Wi-Fi мрежи во вашата област? Тогаш веб-страницата на Free Hotspots ќе ви помогне да пронајдете јавен пристап до Интернет во близина.
Video International Sign
Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.
Формулар за контакт