Студијата „Преминот од прединтегративното унапредување на јазичните вештини кон курсот за интеграција“ (Der Übergang von der vorintegrativen Sprachförderung zum Integrationskurs (2011)) покажа дека новодоселениците, кои веќе во нивната татковина го положиле испитот за ниво А1 за виза, (мора да) чекаат релативно долго време за повторно поинтензивно да се занимаваат со германскиот јазик и култура на курсот за интеграција во Германија. Понатаму, студијата покажа дека, меѓу другото, сосема недостасуваат материјали за учење, вежби и информации наменети за оваа целна група и нејзините потреби со кои самостојно би можеле да продолжат да учат за време на преодниот период. Поради овој недостаток, нивните јазични знаења често ослабуваат додека го почнат курсот за интеграција. Меѓутоа, според изјавите на новодоселениците, и понатаму останува високата мотивација за понатамошно учење.
Гете Институтот реагира на оваа потреба со интернет порталот „Мојот пат за Германија“ („Mein Weg nach Deutschland“), главен предмет на проектот „Хармонизирање на преминот од прединтегративното унапредување на јазичните вештини до курсот за интеграција“ („Harmonisierung des Übergangs von der vorintegrativen Sprachförderung zum Integrationskurs“), ко-финансиран со средства од Европскиот интеграциски фонд, ЕИФ.
Проектот има за цел во Германија да го оптимизира преминот од прединтегративните понуди за учење на јазикот, за информирање и за советување во странство и понудите за иницијално унапредување на јазичните вештини, како и понатамошните интеграциски мерки на државата. Согласно на тоа, интернет порталот ќе ги подобрува и зацврстува јазичните и културните знаења стекнати во рамки на прединтеграцијата. Понатаму, со користењето на понудите на порталот, оваа посебна група на ученици стекнува различни знаења кои се неопходни за животот во Германија, како на пример, справување со различните медиуми или знаења за ориентирање за нивниот почетен период во Германија.
Наставниците и советниците ќе најдат во рубриката „За педагози“ („Für Unterrichtende“) краток петминутен информативен филм за порталот и PDF-документ од речиси 30 страни со упатства за користење на порталот во наставата.
На ова место најсрдечно им благодариме на сите автори, програмери, режисери, графичари, уредници и експерти кои придонесоа порталот сега да стои онлајн со оваа многустрана понуда! Обично тие се директно именувани кај понудите во рубриката „Вежбајте германски“ („Deutsch üben“). Понатаму, сакаме да им изразиме благодарност на авторите и уредниците Stefan Münchow, Freya Conesa, Joanna Chlebnikow, Csaba Gloner, Janna Degener, Ellen Bachmann и Marion Hollerung за изработката и обработката на централните вежби и текстови на овој портал.
За финансиската поддршка на проектот ѝ благодариме на Европската Унија, без чија поддршка реализацијата не ќе беше возможна.