Задолжително школување и трошоци
Во Германија школувањето е задолжително: децата мора 9 години да одат на училиште. ВО некои сојузни покраинизадолжителното школување важи и за децата со нејасен статус на престој. Една учебна година почнува во август или септември и трае до јуни или јули, зависно од сојузната покраина. Обично учениците учат на државни училишта. За тоа не се плаќа школарина. Помали трошоци има за копии, материјали или екскурзии. ВО приватните училишта мора да се плати школарина.
Видови на училишта
Има различни видови на училишта. Училишниот систем е различен во сојузните покраини. ВО основното училиште одат сите деца од 6 или 7 години. По 4. одделение (во некои сојузни покраини и по 6. одделение) децата одат во средно училиште. Има многу различни средни училишта. Основното училиште во 4. одделение дава совети на кое училиште детето понатаму треба да оди. Има средно нижо училиште („средно главно училиште“ Hauptschule или Mittelschule, 5.-9./10. клас), тука се добива завршен степен од средното главно училиште (Hauptschulabschluss или квалифицирачки Hauptschulabschluss). Во средното главно училиште има и практични предмети како ОТП или техничко цртање. Повисоко училиште е „средното реално училиште“ (Realschule, 5.-10. клас), тука се добива завршен степен Realschulabschluss. По завршено средно главно училиште или средно реално училиште може да учите некоја професија. А потоа има уште и гимназија (до 12. клас). Тука се полага матура и потоа може да се студира на универзитет. Во гимназијата често се учат 2 до 3 странски јазика, како англиски и француски.
Во некои сојузни покраини има сеопфатни училишта(Gesamtschule). Тука сите три вида: средното главно училиште, средното реално училиште и гимназијата се заедно во една установа . Ако едно дете сака да го смени училиштето, на пример од средното главно училиште во средното реално училиште, тука тоа е полесно. Кога училиштата се одделени исто така може да се смени училиштете, но тоа не е толку едноставно. Во секоја сојузна покраина има и двојазични училишта, училишта за посебни потреби, насочени и стручни виши училишта.
Време на часови
Во најголемот број на училишта наставата завршува на пладне или рано попладне (14 или 15 часот). Потоа детете може да оди во дневен престој. Таму мое да стане попладне. Добива нешто за јадење и помош со домашните задачи. За дневниот престој мора да се плати. Сè повеќе има и целодневни училишта. Во овие училишта децата се цел ден, најчесто до 16 или 17 часот.
Наставни предмети
Децата имаат многу наставни предмети на училиште. Тука спаѓа и спортската настава. Во основното училиште машките и женските не се поделени, туку имаат заедно спорт. Во другите училишта женските и машките понекогаш имаат заедно спорт, понекогаш се поделени. Често има и пливање. Во најголемиот број на училишта има настава по христијанска веронаука. Но, може да се одјавите од наставата по веронаука и не мора да одите. Како алтернатива има етика и во некои училишта настава за другите религии (на пример, исламот или еврејската религија).
Воннаставни активности
Обично еднаш годишно учениците одат на класна екскурзија. Таа трае обично 3/5 дена. Класот патува заедно во некој друг град или некое друго место. Има и денови за прошетки. Тогаш децата одат заедно на излет. Таму учат нешто за историјата, културата и природата. Училиштата организираат и училишни прослави. На нив има, на пример, театарски претстави или концерти од учениците.
Родители
Секое училиште има родителски одбор, тоа се родителите кои соработуваат со училиштето. Повеќе пати во годината има родителски средби. На нив родителите добиваат важни информации од наставниците и може да се запознаат меѓусебно. Исто така може да закажат средба со еден наставник и да разговараат само со него. Тоа се вика родителски разговор. Тоа се прави кога има проблеми во училиштето. Или можеби кога сакате да знаете како му оди на детето на училиште.
Video International Sign
Често поставувани прашања
Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.
Формулар за контакт