Ein Fahrrad mit zwei Körben ist gefüllt mit Einkäufen. © Goethe-Institut

Продавници и дуќани во секојдневниот живот

Во сите градови, но и во некои села во Германија, има супермаркети. Таму ќе добиете многу важни работи за секојдневниот живот: леб и месо, јогурт и чоколадо, средства за чистење и тоалетна хартија. Супермаркетите обично работат од 7.00 часот / 8.00 часот до најмалку 20.00 часот, понекогаш и до 22.00 часот. Сакате да купите сосема свежи прехранбени производи? На многу места има еднаш или два пати неделно неделен пазар. Често тој се одржува во сабота. На неделниот пазар ќе добиете свежо овошје, зеленчук и регионални специјалитети. Свежо месо и свежи салами ќе најдете во месарниците (Fleischereien, во јужна Германија се викаат Metzgereien). Свеж леб може да купите во пекарите.

Некои од пекарите, месарниците и другите мали продавници се затворени околу пладнето. Навечер се обично отворени само до 18.00 или 18.30 часот. Неделните пазари траат обично од раното утро до попладнето. Во недела сите продавници се затворени.

Auf einem Tisch liegen in einem Beutel verschiedene Gemüsesorten, Obst und andere Einkäufe © Goethe-Institut

Сервис за достава

Ако не сакате да излезете од дома за да одите да пазарувате, може да користите сервис за достава: ќе се јавите во сервисот за достава или ќе пополните на интернет формулар. Потоа некој ќе Ви донесе дома, на пример, пица или минерална вода. Но, овој сервис чини повеќе пари отколку ако пазарувате во продавница. Во многу села нема дуќани, затоа мобилните трговци редовно одат таму. Тие продаваат прехранбени производи и други работи за секојдневниот живот.

Специјализирани продавници и интернет

Ако сакате да купите, на пример, плакар, компјутер или пар чевли, може да одите во стоковна куќа или во специјализирана продавница. Стоковните куќи имаат многу различни производи. Стоковни куќи има пред сè во градовите. Специјализираните продавници се специјализирани за одредени призводи. На пример, има стоковни куќи за мебел, специјализирани продавници за електроника или продавници за обувки. Работното време е обично од 09.30 часот до 20.00 часот, а понекогаш и само до 18.30 часот.

Денес многу работи може да се добијат и преку интернет. Обично мора да почекате само неколку дена и производите ќе Ви бидат доставени дома.

In einem Möbelhaus sieht man ein eingerichtetes Wohnzimmer mit verschiedenen Möbeln zum Verkauf. © Goethe-Institut

Плаќање

Во Германија вообичаени се разни платежни средства. Со готовина може да плаќате секаде. Ако имате сметка во некоја банка или штедилница, ќе добиете EC-картичка и често исто така и кредитна картичка (MasterCard или Visa). Во најголемиот број на продавници може да платите со Вашата EC-картичка или кредитна картичка.

На интернет се плаќа со кредитна картичка, но исто така и со банковно повлекување на пари или со фактура. Ако сакате да платите со банковно повлекување на пари, мора да ги внесете Вашите банковни податоци онлајн. Парите потоа ќе бидат наплатени од Вашата сметка. Кај фактурата префрлате пари со дознака од Вашата сметка.

Eine Person zieht eine Kreditkarte aus einem Geldbeutel. © Goethe-Institut

Цени, гаранција и замена

Во најголемиот број на продавници во Германија за сите производи има фиксни цени. На пазарот и кај големите износи во специјализираните продавници може понекогаш да се договарате за цената. Но, најчесто тоа не е вообичаено. 

Сте купиле нешто и тоа е дефектно? Тогаш имате Кај нови производи
 2 години право на гаранција: ќе добиете нов производ. Или ќе го вратите дефектниот производ назад и ќе Ви ги вратат парите. Или мора да платите помалку. Кај производи од втора рака се 12 месеци. Понекогаш има гаранција и за производите. Ако производот, на пример, телевизорот, се расипе за време на гарантниот период, ќе биде бесплатно поправен. Или ќе добиете. Гаранцијата изнесува 12-24 месеци од датумот на првото купување.

Некои продавници нудат можност и за замена: ако не Ви се допаѓа производот, може да го вратите. Ќе Ви ги вратат парите. На интернет и во поголемите продавници и стоковни куќи обично е можна замена во рок од 14 дена. Притоа мора да ја покажете сметката или фактурата. Обично посебните понуди не може да се заменат.

Video International Sign

Често поставувани прашања

Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.

Формулар за контакт